„Гранд“ неодамна доби нов директор на музичката продукција односно Александар Милиќ Мили кој на таа позиција го замени Саша Поповиќ и се придружи на жирито во „Ѕвездите на Гранд“.
На едно од последните снимања, Мили бурно реагираше поради Марија Шерифовиќ.
Имено, Марија прво влезе во конфликт Александар Милиќ Мили, а потоа не се согласи ни со Саша Поповиќ, ниту пак со Снежана Ѓуришиќ околу еден кандидат за кој таа сметаше дека има одлични потенцијали.
„Внимавај малку на твојот тон и однесување. Не можеш да викаш тука на сите нас, ние овде почитуваме различни мислеа и ги уважуваме, но сепак ние сме твои постари колеги. Нема потреба да се крева тон, изјави Снежана.
Бурните реакции во жирито, по се изгледа, се се пожестоки по доаѓањето на Мили на директорската позиција, а дали ќе се вклопи во оваа екипа, ќе покаже времето.