Иако летото веќе заврши, а со тоа завршија и летните одмори, за македонската пејачка Каролина Гочева изгледа летото допрва започнува.
Ова летна сезона поради коронавирусот не можевме да излезе надвор од границите и да одиме на некаде на некоја егзотична дестинација, повеќето го искористија времето и уживаа на домашен терен.
Некои заминаа во Охрид, други во Дојран, Маврово, а ова лето познатите не се штедија на социјалните мрежи да објавуваат фотки разголени во бикини испружени под зраците на сонцето.
Меѓутоа, за македонското девојче Каролина изгледа летото допрва почнува.
Имено, таа многу ретко споделува приватни детали од својот живот, но некогаш знае да направи исклучок, да пушти срце, па да открие како го минува времето зад камерите.
Овој пат, таа допрва ужива во летниот одмор. На својот Инстаграм профил сподели фотка на која седи под сенка и чита книга.
Гочева горе на себе има маица, а во прв план се нејзините разголени нозе.
Иако најчесто објавува фотографии на кои изгледа модерено, средено, или објави од концерти, овој пат направи исклучок, а ќе се согласите дека изгледа секси во вакво издание.
View this post on Instagram
Под објавата корисниците на социјалните мрежи ја опсипаа со коментари.
Инаку, на почетокот на месец јули пејачката исто така успеа да ужива неколку дена во Охрид, но изгледа вистинскиот одмор за неа допрва почнува.