Камерите понекогаш знаат да ни доловат различна перцепција од реалната, особено кога е во прашање изгледот. Пејачките освен со својата убавина, пленат и со својата висина.
Иако, многумина сметаат дека Снежана Бабиќ – Снеки ја има титулата највисока пејачка на српската естрада, тоа сепак не е точно.
Снеки е висока 181 сантиметар, додека титулата нависока ја има Тијана Дапчевиќ која има македонско-српска музичка кариета. Тијана е висока 184 сантиметри.
Веднаш по неа е Чана, која е висока 183 сантиметри, Катарина Грујиќ 182, а Гога Секулиќ е висока 181 сантиметар.
Меѓу најниските пејачки се и Маја Николиќ (156 см), Дара Бубамара (158 см), Гоца Тржан (162), Сандра Африка (163), Ана Кокиќ (163).