Радио Милева

Kамерите ќе ги следат следните три месеци: Meган Маркл и Хари снимаат реално шоу

Kамерите ќе ги следат следните три месеци: Meган Маркл и Хари снимаат реално шоу

Меган Маркл и Хари прифатиле камерите да ги снимаат следните три месеци, па така реалното шоу ќе се емитува на Нетфликс.

Извор открива дека парот потпишал договор со Нетфликс кој вреди 112 милиони фунти.

„Можеби имаа идеја за прикажување на борбата за живот, но Нетфликс дефинитивно сака парче од нив. Се тоа ќе биде уредно со вкус, а не како реалното шоу на Кејти Прајс. Тие сакаат на луѓето да им прикажат дел од животот, како и добротворната работа со која се занимаваат“, вели извор за „Sun“.

Според изворот, реалното шоу ќе биде за нивната филантропија, но не и за она што го прават зад затворени врати.

Меган Маркл се надева дека на луѓето ќе се претстави во вистинско светло, а додека од друга страна публиката смета дека парот е лицемерен бидејќи од Велика Британија си заминаа сакајќи приватност,  а сега ќе снимаат реално шоу.

To top