
Според некои турски медиуми, сопружниците се на чекор до одлуката за развод.
„Тие не се согласуваат за многу работи. Најлошото нешто е што Халит не сакаше второ дете, бидејќи тој се смета за премногу стар, а неговата сопруга го убедуваше да го сторат тоа, речиси две години. Кога останала бремена, тој бил пресреќен, но откако таа се породила, таа целосно му се посветила на детето и тој сега се чувствува запоставено. Тие одлучија да се разделат на неколку месеци, а после тоа ќе одлучат дали ќе се разведат засекогаш“ – изјави извор близок до актерската двојка.
Наводно, 50-годишниот Халит веќе започнал да се допишува со друга жена, за која турските медиуми наведуваат дека е многу популарна и е позната како една од најголемите женски актерски надежи на Турција.

„Му недостасува страст и ревност, а сопругата го одбива. Едноставно, хемијата повеќе ја нема, таа воопшто не се обидува да ја поправи, а тој има потреби како и сите други мажи“ – додал изворот.
Многумина за ова и му испратија бројни осуди на актерот.
„Да, најлесно е да се напушти кога е тешко и да се најде друга жена што ќе ги задоволи вашите интимни потреби и апетити. Многу патетично“ – неодамна напишала една од неговите големи обожавателки.