Радио Милева

Џенифер Лопез во новиот спот ја ископира Ана Николиќ (фото)

Џенифер Лопез во новиот спот ја ископира Ана Николиќ (фото)

Латино ѕвездата Џенифер Лопез сношти го објави  својот видео запис за дуетската песна со Маулма.

Можеби не е вест што Џенифер Лопез објави песна туку што во спотот започнува речиси исто како и спотот на Ана Николиќ за песната „Било је лепо“ која ја објави во февруари.

Имено, видео записот започнува така што Џенифер седи на балконот и чита весници кои се преполни со текстови за неа, а исто така започнува и спотот и на Николиќ за веќе наведната песна.

фото: принтскрин/јутуб

Исто така и двете пејачки се слично облечени, односно имаат пешкир на главата.

фото: принтскрин/јутуб

Ана во свој стил го прокоментира ова коинциденција.

„Седим и така си размисливам – што јас правам овде?“.

To top