Радио Милева алтернативни размислувања

Eлена Ристеска за мајчинството: „Ако не најдам партнер, во план ми е да посвојам дете“

Eлена Ристеска за мајчинството: „Ако не најдам партнер, во план ми е да посвојам дете“

Македонската пејачка Елена Ристеска музичка кариера ја стави во втор план, а неодамна започна сопствен бизнис односно козметичката линија „ЕРА“.

Пејачката гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ каде што зборуваше за својот нов бизнис, од каде идејата за „ЕРА“, за музиката, за својот приватен живот…

фото: Инстаграм

Ристеска прозбори и за својот љубовен живот.

„Мислам дека нема нешто попаметно од тоа човек да се заштити себеси од непотребни и пријателства и партнери, па и соработки. Ако  видите од самиот почеток дека некоја приказна нема иднина, подобро да не влегувате во некоја приказна во која го знаете исходот. Навистина многу ми пречи човек кој нема еднаква амбициозност како мене“ вели Ристеска и додава:

„Се додека не најдам човек кој е еднакво амбициозен како мене, кој што единствениот порок ќе му биде да биде работохолик и да јаде слатки, ако тоа му единствениот порок, тогаш тој е вистинскиот за мене. Ако вашиот партнер не ви е вистински другар, нема никакви шанси да успеете професионално“, вели пејачката.

фото: принтскрин/јутуб

На прашањето дали размислува за мајчинство, таа вели:

„Сите ние на 30тина и нешто години најверојатно размислуваме за мајчинство. Најважно е дека дете не се прави со било кој. Не е тешко да имате дете во овој 21 век, постојат многу медицински иновации со кои може да го имате тоа дете, некогаш дури размислувам да си повојам детенце, се’ додека не се појави некоја личност со која ќе имам свои деца“ додава Елена.

Целото интервју погледнете го видеото подолу.

To top