Радио Милева „Copy - paste, for every taste“

Татјана Лазаревска му честиташе годишнина на својот фризер со песна, а тој и направи иста фризура како на… неговиот партнер! (ФОТО+ВИДЕО)

Татјана Лазаревска му честиташе годишнина на својот фризер со песна, а тој и направи иста фризура како на… неговиот партнер! (ФОТО+ВИДЕО)

Поминаа неколку години откако македонската фолк пејачка и брачна двојка Татјана Лазаревска – Новица Василевски се преселија да живеат и работат во Австралија. Не им требаше многу време да се снајдат, здомат, ситуираат и адаптираат во едно од најпосакуваните општества и системи на планатета земја воопшто, за какво што важи австралиското!

Малку „даскалување“, малку песна и Тања и Новица за кусо време станаа еднакво популарни меѓу Македонците, но не само меѓу нашите, туку и останатите иселеници од целиот Балкан на привремена работа на најјужниот континент. Естрадниот магазин „Свет-Австралија“ кој го прослави својот втор роденден ги прогласи за највљубена, најромантична и најубава естрадна двојка на музичката сцена воопшто.

А кога сме веќе кај естрадата и родендените, естрадните ѕвезди, особено дамите не би биле тоа што се, ако покрај пеењето не понудат и поинаква, визуелна магија, која се огледа во нивниот имиџ, стајлинг, гардеробата, шминката, фризурата… Татјана како и секоја естрадна ѕвезда тоа добро го знае, па затоа и во Австралија си има свој шминкер и фризер, кој пак е повторно – Македонец.

Сашко Захариевски и неговиот партнер Дени го славеа првиот роденден на нивното студио за шминка и фризури, салонот за разубавување „СЗС“, но корона пандемијата им ја оневозможи замислената прослава со многу луѓе, клиенти, пријатели… па забавата мораше да се сведе на онлајн журка со честитки од најблиските.

Македонската фолкерка прва им ја честиташе првата годишнина од постоењето на бизнисот и тоа со песна… Со микрофонот во едната и чаша македонско вино во другата рака, па пеј, пиј и мешај, мешај… А потоа и песната и журката им ја препушти на славениците.

Неколку дена по роденденската онлајн журка, Татјана дојде во салонот кај својот фризер и шминкер на разубавување. А штом фолкерката се појави, песната одново е неизбежна. Се разбира, несреден, и недотеран не се излегува на сцена, та било тоа и во фризерско студио, па затоа претходно – сеанса разубавување за пејачката: мејкап и нова фризура.

За шминката не е и некој проблем, зашто на Саше од претходно веќе му беше познато како Татјана се шминка, ама пејачката овој пат побара нова фризура, сакајќи днешто да смени на себе, во својот изглед.

Промената најпрвин започна од бојата косата, па русокосата стана розова, а фризурата кратка, „машка“, ако така може да се каже?!

Зашто нејзиниот фризер дали од љубов кон својот партнер, дали заради немање време за размислување и барање поинакви идеи, на Татјана и направи иста фризура како онаа на неговиот партнер Дени! Само бојата им беше различна: Тој рус, а фолкерката пинк!

Татјана на нејзината „двојка разубавувачи“ им возврати со песна од среде дуќан, чии стихови некако се поклопија со претходно изведеното. Тања ја пееше „ Ти си тој што лудува“ од Маја Оџаклиевска, во чиј рефрен меѓудругото се пее: “…Да бидеш еднакво добар како што сум јас…“!  

 

View this post on Instagram

 

Maja Odzaklievska #myfavoritesinger #myfavoritesong @szs_hairstyle_makeup 🥰

A post shared by Tatjana Lazarevska (@tatjanalazarevska_official) on

Ако е до пеењето, оддамна знаеме дека Татјана подеднакво добро пее како и Маја, ама, ако е до фризурата…? И нејзината нова фризурата излезе „подеднакво добра како што е неговата“…

Онаа на Дени, партнерот на нејзиниот фризер Сашко!  Или што би рекле во Австралија: „Copy – paste, for every taste“!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/tatjanalazarevska_official

To top