Групата Синтезис вечер со славенички концерт на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), ќе го одбележи 25 годишниот јубилеј од артистичката кариера.
Концертот почнува во 20 часот, а специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.
Етно групата Синтезис во изминативе 25 години има одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. Од своето основање во 1995 година, Синтезис се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи. Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари – Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои и Биља Крстиќ и Бистрик.
Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време на пандемија од Covid 19, а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.
Концертот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје.
Извор: Курир.мк