Изненадно почина мексиканскиот актер, пејач, модел и продуцент, 48 годишниот Хавиер Ортиз кој играше во твновелите „Tormenta en el paraiso“, „La Rosa de Guadalupe“….
Веста за смртта ја објави долгогодишниот пријател на Хавиер, Сергио Мајор кој не ја откри причината за смртта.
Но, во последните неколку дена медиумите пишуваа дека Хавиер извршил самоубиство така што се обесил.
View this post on Instagram
Во своето последно интервју призна дека е многу депресивен бидејќи нема работа, па почнал да продава средства за дезинфекција, маски и ракавици.
Од друга страна бил многу потрсен бидејќи за време на карантинот не можел да го гледа својот осумгодишен син кој живее со неговата мајка, неговата поранешна свршеница Карис де Леон.
Инаку, Хавиер зад себе има еден пропаднат брак со една од омилените мексикански актерки Патрисија Мантерол.
View this post on Instagram
„Секогаш ќе те паметам како маж со најубава насмевка. Имаше добро срце, секогаш сакаше на сите да им помогнеш и никогаш не беше себичен. Твоите кристални очи криеја топлина и љубов. Беше најдобар татко на синот. Сега си во прегратките на твојата мајка која толку многу ти недостигаше. Почивај во мир“, напиша Патрисија која со Хавиер беше во брак од 1999 до 2005 година.