Радио Милева

Интернетот гори поради оваа снимка: „Многу си секси“ – Бред Пит и Џенифер Анистон направија хаос (видео)

Интернетот гори поради оваа снимка: „Многу си секси“ – Бред Пит и Џенифер Анистон направија хаос (видео)

Никој не може да те натера да поцрвениш толку многу како поранешна сопруга!

По многу, многу години, светот го поздрави овој јануари за да ги обедини Бред Пит и Џенифер Анистон.

Нивната прегратка на доделувањето на наградите САГ продолжува да ги „топи срцата“ на сите кои ја проколнаа Анџелина Џоли и снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ поради што Бред се разведе од Анистон.

Секако, уште од јануари кружат гласини дека поранешните сопружници се помириле, но неодамна следуваше „ладен туш“ за фановите на парот – Пит има нова девојка.

Но, судејќи според клипот кој собра бројни холивудски актери, Анистон ќе го победи и моделот.
Морган Фримен, Џулија Робертс, Шаја Ла Баф … се само некои од звучните имиња кои се собраа за да глумат сцени од филмот „Брзи времиња“. Џенифер Анистон и Бред Пит исто така беа меѓу нив и сите очекуваа да видат дали ќе се поздрават.

Така и направија! И тогаш се слушна дека Бред е секси …

„Ох, Бред, секогаш ми се допаѓаше, секогаш мислев дека си секси … дојди кај мене“, го прочита Анистон сценариото, но Бред сепак се кикотеше како дете!

Погледнете како изгледаше поздравот … и потоа повторно пуштете го клипот само за да видите колку беше воодушевен Морган Фримен додека ги гледаше!

To top