Радио Милева опериран и свесен...

По тешката сообраќајка, „задругарот“ се разбудил од кома: Ова е новата здравствена состојба на настраданиот ријалити учесник (ФОТО)

По тешката сообраќајка, „задругарот“ се разбудил од кома: Ова е новата здравствена состојба на настраданиот ријалити учесник (ФОТО)

Поранешниот учесник на реалното шоу „Задруга“ Јовица Путниковиќ како што веќе информиравме, доживеал тешка сообраќајна несреќа, откако паднал од својот мотор. Лекарите се борат за неговиот живот, а колегите од „Здаруга“ се молат за неговото подобрување на здравје. Инаку, неговата девојка Маја која е учесник во тековната сезона на „Задруга 4“,токму тој ја придружуваше до портата при влезот во Белата куќа.

Откако беше болнички згрижен, сестрата на Јовица се јави и откри дека неговата здравствена состојба не е најдобра и дека има тешки ортопедски повреди.
По индуцираната кома и неколку тешки операции во текот на ноќта, тој  се разбудил и сега е во свесна состојба.


Неговата пријателка, Јелена Круниќ, исто така се распраша за состојбата на колегата од „Задруга“ и ги информираше своите следбеници за тоа, на нејзиниот Инстаграм:


– Му благодарам на драгиот Бог што си жив и подобар, брате мој.  И благодарам на мојата пријателка од Ургентнот центар што ме извести за три минути како си и која  е целата вистина. Ти благодарам  душо моја С. – напиша Јелена.

To top