Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони откри бизарни детали за пејачката.
Имено, пејачот истакна дека Џенифер сака да ја прислушкува послугата.
„Тоа е баш забавно. Во куќата имавме камери, а таа некогаш ќе седнеше и ќе слушаше за што разговара послугата. Некогаш сакаше да шета и да ги слуша зад ѕид. Не знам зошто тоа толку ја забавуваше, но мислам дека истото го прави и денес“ изјави тој за американските медиуми.
Марк и Џенифер својата врска ја започнаа во 2003 година, а се венчаа во 2004 година.