Водителскиот тандем Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предојевиќ ја прекинаа соработката со Прва телевизија и повеќе нема да бидат водители на Утринската емисија.
Наместо нив, нов водител на утринската емисија е Филип Чукановиќ. Утринава наместо Јована и Срѓан тој им посака добро утро на гледачите.
Како што пишуваа медиумите, Јована и Срѓан нема да имаат отказен рок и повеќе нема да ја водат утринската емисија. На Јована вчера и беше последен работен ден, а на Срѓан пред два дена.