Манекенката Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ неодамна првпат се реализираа во улогата на родители.
Познатиот пар откако станаа родители сега првпат објави заедничка фотографија од која може да се забележи дека Софија изгледа во топ форма само неколку дена по породувањето.
Имено, пред девет дена манекенката на свет го донесе синот Алексиј, а сега позираше во кратко црно фустанче во кое ја истакна својата одлична фигура, долгите нозе, тенкиот струк, а сите коментираат дека изгледа одлично.