Радио Милева

Емина конечно проговори: Ова е вистината за мојата селидба и разводот со Мустафа!

Емина конечно проговори: Ова е вистината за мојата селидба и разводот со Мустафа!

Емина Јаховиќ се огласи преку кусите видео приказни на Инстаграм за да ја открие вистината за нејзиниот развод и шпекулациите во турските и српските медиуми за нејзиното заминување од Истанбул.

Драги мои, сите фанови кои ме сакате и поддржувате во овие тешки моменти. Сакам да ви кажам дека сите шпекулации за мене, моето заминување во Нови пазар и мојата селидба таму, не се точни и вистинити. Својот живот ќе го продолжам во Истанбул поради образованието на моите деца и поради животот на кој навикнав, а во Белград и Нови Пазар ќе одам само поради приватни и професионални причини. Нажалост не можам да ги сопрам сите шпекулации за да се полнат и продаваат новините. Поради децата ќе гледаме се да помине во најдобар ред и да биде како порано. Во оваа прилика сакам да ве поздравам и да ви кажам дека ве сакам и за брзо ви најавувам уште два сингла од албумот „Далје“, порача Емина.

To top