Учесничките во новата сезона на „Задруга 4“, Јована Томиќ – Матора и Моника Хорват, стоматолог од Хрватска, ја официјализираа својата лезбо врска, а па паднаа и првите жешки бакнежи пред камерите.
„Јас сум жена и навистина ми се допаѓа нежноста што ја добивам од тебе!“ – и рече тивко Моника на Матора.
„А, какви беа твоите претходни врски? – ја праша Матора својата нова лезбо љубовница.
„Тенки, да ти кажам искрено“ – и одговори Моника на својата емотивна партнерка додека двете жестоко се бакнуваа в уста.
Како ќе реагира и што ќе каже на сето ова бившата љубов на Матора, русокосата убавица Сања Станковиќ со која претходно во жестоки кавги и расправии раскинаа, очекуваме да дознаеме наскоро.
За потсетување, распадот на нивната врска Матора најпрвин го доживеа ептен бурно, а потоа и мошне емотивно.