Водителот, шоумен, музичар и писател Игор Џамбазов во интервјуто за ТВ магазинот „Бекстејџ“ зборуваше за љубовта со алпинистката Илина Арсова, па откри како се запознале и како почнала нивната емотивна приказна.
„Се запознавме уште пред пет години, преку наши заеднички пријатели во Охрид. Го побарав од нив нејзиниот број и и’ се јавив. И се претставив и и’ кажав, сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да те запознаам тебе. После тоа се видовме, неколку дена се дружевме и јас променив локација. По неколку месеци ми се случи првиот здравстен крах, бев во болница и добив неколку поддржувачки пораки од неа. Се немавме видено долго време, се’ додека не почна карантинот. Се сретнавме во Дојран, а после тоа се’ е историја“ – раскажа Џамбазов.
Призна и дека врската со Илина е сериозна, па не ја исклучи можноста наскоро да започнат и заеднички живот.
„Не сакаме да носиме избрзани одлуки, ќе оставиме на времето, спонтано се’ нека се случува. Сепак, сигурен сум дека ова ќе потрае“ – вели Игор.
Што се’ откри во интервјуто за „Бекстејџ“, погледнете во видеото во продолжение: