Анастасија Ражнатовиќ и тоа како е активна на социјалните мрежи, своите следбеници секојдневно ги изненадува во нови изданија, а не ретко знае да заигра и на картата на провокација.
Овој пат, нема сомнеж дека сакаше да ги израдува припадниците на посилниот пол кои ја следат, па ги истакна атрибутите во прв план.
Имено, Анастасија е од оние што не ги одминаа вирусите, таа моментално е болна и седи дома и затоа има време да чепка по старите фотографии направени летоска.
Очигледно и требаат жешкиот песок и сонце, ако се суди според објавеното.
Инаку, таа се повеќе покажува афинитети кон пеењето, а на една одобјавите на која откри дека е болна, напиша дека лекот и е желбата за пеење.