Пред неколку месеци пејачката Тина Ивановиќ призна дека ги отстрани силиконите од градите, но и дека никогаш повеќе нема да прибегне кон естетска хирургија.
“Естетски интервенции на телото никогаш повеќе. Тогаш бев млада и луда, сега сум само луда. Морам да кажам дека немам повеќе импланти, сега сум природна. Многу е поубаво кога си природен. Природни нокти, природна коса, природни гради … сè природно “, рече Тина.
Пејачката сега сподели фотографија во костим за капење на својот профил на Инстаграм, а нејзиното природно деколте беше во фокусот.