Македонската поп пејачка Наташа Малинкова последните летни денови ги минува полнејќи ги батериите во Охрид. Сезоната за настапи заради корона пандемијата е речиси пропадната, но тоа не значи дека не треба подготвен да се дочека зимата.
Впивајќи ги последните септемвриски сончеви зраци пред „жештината да попушти“, сексапилната кавадарчанка реши да го овековечи моментот со неколку уметнички пејсаж фотографии крај Охридското езеро.
И кога ќе се спои она со што мајката природа неа ја надарила, со она што природата му го подарила на охридското крајбрежје, добивате комплетно натурална уметничка слика… И тоа во различни пози.
Малинкова во бикини под сенките на дрвјата и распосланите мрежи на рибарите крај брегот или Наташа со сиот свој телесен раскош во бистрите езерски води сеедно…
Пејачката во совршен спој со природата, овековечен на серија летни уметнички фотографии.
Последната објавена, од терасата на хотелската соба, е сепак малку поинаква, Фотографија со „поглед од милион долари“, како што напишала и самата, пејачката. И навистина е сто отсто во право… И тоа заради две нешта. Заради нејзиниот поглед на бистрото, како тепсија рамно езеро и погледот „од милион долари“ на сите останати што ќе ја видат споделената утринска фотографија.
А на неа, голото тело на Наташа завиткано само во хотелските чаршафи… Можеби по ноќта „од милион воздишки?“