Радио Милева

Адријана Алачки со поуки од животните искуства: „Простувам, но не заборавам“

Адријана Алачки со поуки од животните искуства: „Простувам, но не заборавам“

Годините ги носат искуствата, но некогаш за некои не е доволен ниту целиот живот за да се изберат вистинските луѓе и одлуки.

Пејачката и ТВ водителка Адријана Алачки, на својот Инстаграм се осврна токму на оваа тема и лекциите од животот преку извадок од писателот Меша Селимовиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adrijana Alacki (@adrijanaalacki) on

Таа сподели статус на социјалните мрежи кој го привлече вниманието на нејзините следбеници, а во истиот се вели:

„Ќе сфатиш, девојко моја… Не се старее со оној кој најмногу си го сакала и кој најмногу те сакал… Еден ден ќе ти биде јасно дека се старее со оној чие почитување кон тебе, како жена, било исто силно како и љубовта која ја чувствувал кон тебе. Оној кој те почитува не лаже, не изневерува и не те остава сама никогаш. Тој е твоја поддршка, твое рамо за плачење кога ќе дојдат тешките денови. Сите убави, згодни и млади паѓаат во сенка кога ќе го запознаеш него, просечниот со посебен карактер и големо почитување кон тебе. Почитување кое оди рака под рака со „Те сакам“. Не важат ниту убавината ниту привлечности, ниту сите останати неважни работи… единствена вистинска љубов е онаа во која почитувањето е присутно од првиот до последниот ден.“
„Не. Не простувам бидејќи сум наивен, глупав или бидејќи немам гордост. Сѐ знам и сѐ гледам. Но, и понатаму верувам во доброто на луѓето. Така избрав и знам дека поради тоа животот ќе ми биде поубав и подобар. Простувам, но не заборавам. Давам по некоја шанса и себеси, но и на другите“.
Меша Селимовиќ

Инаку, Адријана до 2011 година беше во брак со македонскиот хармоникаш и композитор Горан Алачки, а од бракот имаат две деца, Грациела и Благоја.

To top