Мегафон

„Drive In“ концерт за 43-те „Денови на македонска музика 2020“

„Drive In“ концерт за 43-те „Денови на македонска музика 2020“

Понеделник, 14-ти септември 2020 г. за прв пат во земјава ќе се одржи drive-in концерт. Концертот е по повод свеченото отворање на 43-те Денови на македонската музика во организација на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ).

Концертот ќе биде на Биг-бендот на Здружение на џез музичари, а под диригентска палка на Владимир Николов. Почетокот е закажан за 20 часот. Локацијата е паркиралиштето на А1 арена односно СЦ Борис Трајковски.

To top