Ако некој од познатите треба да се прогласи за рекордер по број на објави на Инстаграм, тоа треба да биде ТВ водителката Лила Филиповска.
Но доколку разгледате подобро, кај Лила ништо не е случајно, а спонтаноста скоро е исклучена кога треба да се направи некаква објава за на социјалните мрежи.
Секоаш скоцкана од глава до пети, нашминкана, со фризура, вешто избрена гардероба и секако поза.
Но, меѓу најновите објави се најде таква фотографија која Лила сакала да ја избрише бидејќи била спонтана, а бранот ја изместил од рамнотежа.
-Оваа слика имав намера да ја избришам. Ама многу ми се свиѓаше позадината. Па потоа ми беше интересно што е сосем случајно фатен моментот кога бранот ме изместува од рамнотежа на секунда пред да паднам па си реков може некогаш да постираш сосем спонтана слика. И така се најде на пост. А и секако поентата е да се види Coffee Arabica скработ by Me кој што е најдобриот скраб за кожата за да и го вратиме сјајот после деновите на плажа.И немојте да мислите дека јас случајно имам ваква кожа, пишува Лила повторно наоѓајќи начин и зборови како да привлече внимание и да биде број еден во инфлуенсерството.