Радио Милева нежна невеста

Се омажи писателката Ксенија Николова: Невестински фустан над колена и бели цветови во косата (ФОТО)

Се омажи писателката Ксенија Николова: Невестински фустан над колена и бели цветови во косата (ФОТО)

Свадбата е денот за кој секоја девојка сонува уште од мали нозе. Си замислува како таа ќе изгледа до најситните детали, а најмногу внимание обрнува на невестинскиот фустан, шминката, фризурата. Секако дека никој од нас не ни помислуваше дека ваква здравствена криза ќе го погоди светот, па поради пандемијта ќе мораме да се прилагодиме на новото секојдневие, дури и кога се свадбите во прашање.

Писателката и музички текстописец Ксенија Николова, која неколку дена претходо во матично склучи граѓански брак, минатиот викенд со избраникот се венчаше и во црква, секако со минимално присуство на нивните најблиски.

На интимна церемонија на која учествувале само најблиските од потесното семејство, таа стапи и во брак пред Бога со Ненад Николовски.

За посебниот ден, Ксенија изгледаше нежно и преубаво со полуфатена коса сплетена со ситни плетенки и прекрасни бели цветови, променета во необичен, краток, модерен фустан над колена, кој не наликува на оние класичните невестински.

Нека им е со среќа бракот на младите на кои им посакуваме и многудетно семејство!

To top