Мегафон тажна вест

Почина Нина Спирова, легендарната македонска пејачка

Почина Нина Спирова, легендарната македонска пејачка

На 82-годишна возраст, денеска, 11 септември 2020 година,  почина доајенот на македонската музика, легендарната пејачка Нина Спирова.

На домашната музичка сцена остави трајни вредности по кои вечно ќе биде запаметена како една од најплодните пејачки на староградска музика.

Таа има исполнето и снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Незаборавн се нејзините интерпретеации на „Бог да бие кој прв почна”, „Пилето ми пее”, „Не си го продавај Кољо чифликот”, „Судбо моја, судбино”, „Зајди, зајди, јасно сонце”, „Кажи, кажи либе Стано”, како и нејзиниот најголем  забавен евергрин „Еден бакнеж”.

Има учествувано на првите изданија на Скопскиот фестивал, а има соработувано со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други. Има снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ, од кој поголемиот број се хитовите: „Молчи, молчи“, „Еден бакнеж“, „Езеро мое“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“ итн.


Родена е на 26 октомври 1938 година во Прилеп, а поради нејзината скромност и повлеченост од јавниот живот, за неа се познати многу малку приватни податоци.Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години.

To top