Радио Милева авантура, нова љубов или „лажна узбуна“?

По разводот со Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска е со ново момче: „Пријатели засекогаш или љубовници… понекогаш?“ (ФОТО)

По разводот со Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска е со ново момче: „Пријатели засекогаш или љубовници… понекогаш?“ (ФОТО)

Македонската убавица, модел и мисица, „чат-пат“ и пејачка Кристина Димитриевска, станува се$ поатрактивна не само физички, туку и за јавноста и медиумите… По разводот со Даниел Кајмакоски, таа со особено внимение им се посвети на сопственот живот и кариера, пробивајќи се на голема врата меѓу познатите и популарни личности.

Од песна до „cat walk“ на модната писта и позирање пред фотообјективот, Кристина и приватно и професионално, најдоброто од себе реши да го сподели јавно.

Така, јавноста дозна многу нови работи за неа, од титулите за мис до „преку ноќ“ новосклопените пријателства со регионалните ријалити и музички ѕвезди како Гастоз или Саша Ковачевиќ, на пример. Сепак Убавицата својот љубовен живот се трудеше да го држи понастрана, вешто криејќи го како „змија нозете“. Деталите од нејзината интима, тешко излегуваа(т) јавно на површина, но острото око и интуитивното чувство на добрите познавачи на естрадните прилики знаат дека и најмалиот детал е „знак“ кој ја претскажува приказната… Особено ако е љубовна, па таа љубов била само пријателска, привремена, повремена или… постојана!

Кристина летово често го минуваше во Охрид. Оттаму  со нови фотографии постојано „ги бомбардира“ своите социјални профили. Така е и овојпат…

Во опуштена атмосфера крај езерскиот бисер, тетовската убавица седната во столица, од утро до мрак ужива во својот пијалак, впивајќи ги последните сончеви зраци на летото што си оди.

Сепак, на една од споделените фотографии, Кристина не е сама. Во кафе барот на истата плажа, мисицата e навалена на рамото на младо, тетовирано, мускулесто момче, чија широка насмевка доволно говори, колку нејзининото друштво му прија и годи. И тука веднаш се раѓаат „сомнежите“ и дилемите, дали можеби по разводот со Даниел Кајмакоски, Кристина Димитриевска за прв пат јавно го покажа новото момче?

Во описот на фотографијата таа со емотикон во вид на срце нагласила дека се работи за љубов… ама пријателска!

„Пријатели за цел живот“ – како што напишала Кристина, фотографија со која одново „крена прашина“, овој пат љубовна. Зашто многумина фотопозата ја протолкуваа како „дискретна најава“ за она што следува во нејзиниот емотивен живот. Токму затоа јавноста и си го постави прашањато, чиј одговор чаршијата едвај го чека со начулени уши:

„Пријатели засекогаш или љубовници… понекогаш?“

Впрочем, Кристина дополнително ја подгреа атмосферата со кусиот видеоклип од автомобилот во кој јасно и отворено порачува:

 

View this post on Instagram

 

“Kissing burns 6.4 calories a minute. Wanna workout?”???

A post shared by MISS BALKAN 2019 ? (@kristina.dimitry) on

„Бакнувањето согорува 6,4 калории во минута. Сте за ‘тренинг’?“

Конечно, сето ова заедно со нејзиниот поглед во „драјв видеото“ доволно кажува што тоа убавицата посакува!? Можеби „пријател… засекогаш?“

Фото: Инстаграм принтскрин

To top