ТВ водителката и Лото девојка, Марјана Станојковска, изминатиот период бомбардираше со секси летни фотографии на Инстаграм.
Нејзините следбениции квалитетно „исплакнаа очи“, особено припадниците од посилниот пол.
View this post on Instagram
New day, new swimmie ??in @sarafashionofficial ? . 50% OFF Sales on line & in stores now ???
Откако ги наполни батериите на семејниот одмор во Трпејца, каде беше заедно со мајка си и сестрата, Марјана му се врати на Скопје полна со енергија, особено за добри дела.
Имено, таа ги предизвика своите следбеници да се мотивираат од нејзиниот гест и да направат нешто слично. Марјана покажа дека е вредна и во кујна, па направи колач кој го однесе на тетка Данче, мајка на пријателката на нејзината мајка.
View this post on Instagram
И заѕвони на врата и ја изненади со старински колач со џем кој го напучила од нејзината баба и рецептите оставени во наследство.
Притоа, Марјана раскажа и неколку анегдоти од животот со нејзините две баби кои веќе не се помеѓу живите.
Предмалку го прелистував стариот тефтер со рецепти од баба ми и така читајќи ги нејзините торти и колачи се потсетив на неа и на тоа како со љубов ми ги подготвуваше моите омилени слатки.
,,Манче што сакаш баба да ти направи? Сакаш палачинки, Васина (торта) , крофни или сакаш да направиме бомбици? “ Тоа беше мојата баба Мира. Со мојата друга баба, Марика, веднаш ме врзуваат спомени како заедно ги полевавме ружите од дворот, јадевме од грозјето на дедо ми и секогаш ќе го памтам вкусот на највкусните домашни јуфки кои таа ги подготвуваше. За жал двете мои баби повеќе не се меѓу нас, но секогаш ми е мило и ми доаѓа убаво на душата кога ќе се сетам на нив. Тоа се моите ангели чувари.
Денес решив да ја посетам тетка Данче, инаку мајка на Ане, најдобрата другарка на мајка ми. Тетка Данче ја има пораснато и мајка ми и се уште таа и Ане знаат да поседат во нејзината девојчинска соба( која патем тетка Данче ја чува непроменета ) и да си евоцираат спомени од детсвото и младоста. Решив да и го подготвам оној класичен старински колач со џем од сливи и да и да ја посетам, за да барем на кратко го осетиме духот на старите добри времиња.
Драго ми е што измамив насмевка на нејзиното лице и и го разубавив денот . Понекогаш дури и најмалите дела можат да го направат тоа.
Отворете го вашето срце и душа и почувствувајте ја добрината која природно ја поседувате. Ве повикувам сите заедно да се вклучиме на бранот добри дела и да почнеме да споделуваме добрина. (Номинирај и пет пријатели да го направат истото).
Следете го примерот на Марјана и смислете како да стоплите некоја душа и да им го разубавите деноот. Зашто доброто со добро се враќа, нели?