Радио Милева пејачката „на мета“

„Неписмено и клето“: Тамара Тодевска во два реда порака доби тешки навреди, но, не остана покуса (фото)

„Неписмено и клето“: Тамара Тодевска во два реда порака доби тешки навреди, но, не остана покуса (фото)

Уште откако се врати од Евровизија и ја кажа скандалозна изјава со болчичките комбиња, а потоа следеше и настапот на парадата на гордоста, па грешно отпеаната ржавна химна на Македонија, последните „картонски пораки“… Тамара Тодевска со ова си навлече цела една армија хејтери.

Помина доста време од сите овие случувања, кои очигледно тешко да заминат во заборавот на сеќавањата. Тамара и ден денес добива навредливи коментари, па дури и приватни пораки со брутално омаловажувачка и навредлива содржина.

Една таква ја сподели на својот Инстаграм, сакајќи да возврати, но и да стави до знаење што се’ и пристигнува во сандачето за пораки.

 

View this post on Instagram

 

@strumicaopenfestival Photo @gvacev ❤️

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska) on

„К*рвооооо проста, предавник глупооо“ – пишува во пораката која и била пратена, а Тамара одговори:

„Ова па, ова. Неписмено и клето“ – возврати пејачката со емотикон кој покажува среден прст.

Идентитетот на личноста сепак го остави сокриен, но во делот каде што пишува кој и праќа ваква порака, а не и е пријател, станува збор за личност од женски пол.

To top