Радио Милева исто е, ама не е исто...

Ана Севиќ сподели видео кое покажа дека и во спортот се мери со различан аршин: Ѓоковиќ беше исфрлен, а Федерер – не, за потежок прекршок! (ВИДЕО)

Ана Севиќ сподели видео кое покажа дека и во спортот се мери со различан аршин: Ѓоковиќ беше исфрлен, а Федерер – не, за потежок прекршок! (ВИДЕО)

Целиот свет како да се намерачил на првиот тениски рекет во светот,  Новак Ѓоковиќ, по несреќата кога ненамерно ја погоди линиската судијка со топчето на УС Опен, по што беше дисквалификуван.

Многу експерти сметаат дека Новак е престрого казнет и дека му е направена неправда на турнирот, а Ноле добива пораки за поддршка од сите страни, најмногу од родната Србија.

Така, српската пејачка и водителка Ана Севиќ на својот Инстаграм сподели видео од моментот кога Новак ја погоди судиката, но исто така она што го прави и Роџер Федерер кој намерно со рекетот жестоко го „смечува“  тениското топче кон публиката, кое со голема брзина го погодува момчето в глава, кое седи во првиот ред на трибината.

Новак за ненамерниот прекршок врз линискиот судија беше исфрлен, а Роџер за намерното удирање на гледачот не беше казнет, што го прави револтот уште поголем.

To top