Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам се разболеле од коронавирусот, пишува „The Sun“.
Според познатиот весник, парот тајно се борел против вирусот, а се заразиле во САД.
“Тоа беше вистински кошмар. Дејвид отиде во Америка да ги заврши своите обврски поврзани со клубот Интер Мајами, а Викторија и семејството беасо него. Тие присуствуваа на неколку настани каде Дејвид се ракуваше и да ги бакнуваше навивачите на клубот.” изјави близок, но неименуван извор за медиумот.
„Кога се вратија во Велика Британија, Дејвид се чувствуваше лошо, а потоа Викторија почна да има болки во грлото и висока температура. Во исто време, неколку нивни вработени, вклучувајќи возачи, обезбедување и асистенти, почнаа да се чувствуваат лошо. многу паничеше и нареди целото семејство да биде ставено во карантин повеќе од две недели. Се плашеше дека вирусот ќе се прошири и стори сè за да го намали тој ризик “, додава пријател на Бекамови.
Парот наводно се заразил на почетокот на март. Тие најпрво отидоа во Лос Анџелес, каде што клубот на Дејвид го одигра натпреварот, потоа се врати во Лондон, а потоа отпатува за Мајами. Според странските медиуми, тие се заразиле на 1 март, а неколку дена после тоа го прославиле 21 роденден на Бруклин.
На роденденот на постариот син, меѓу другите, имаше и познати гости, а од страв да не ги прекршат мерките, Бекамови го откажаа роденденот на нивниот син Ромео.
Викторија и Дејвид, ниту некој од семејството Бекам, не ги коментираа овие тврдења.