Линиската судијка кој ненемерно беше удрена со тениско топче на УС Опен од Новак Ѓоковиќ, кој по проверката беше дисквалификуван од натпреварувањето, се вика Лора Кларк.
Ова го откри нејзиното семејствоод Овенсборо во американската држава Кентаки. Членовите на нејзиното семејство за „14 вести“ изјавија дека таа е личноста што Ѓоковиќ случајно ја удри со топка во вратот.
Кларк падна на теренот и се фати за грло. Откако забележа што се случило, Ѓоковиќ веднаш пријде и и’ помогна, а потоа и беше укажана и лекарска помош, по што за среќа не случи ништо сериозно.
Инаку, Лора Кларк е долгогодишна судија на АТП-турнирите. Таа е aубител на вино и други алкохолни пијалоци, а обожава и кантри музика, особено бендот на Зек Браун.
Лора се вљубила во тенисот гледајќи ги Пит Сампрас и Андре Агаси, пренесуваат американските медиуми. Како судија напредувала од јуниорските и студентските турнири до УС Опен и Дејвис купот. Пред шест години во едно интервју призна дека тениското топче ја погодила во устата со брзина од 130 километри на час, но… очигледно тогаш никој не бил дисквалификуван!
„Кога сте за прв пат на голем терен, тоа е страшно захтевно. Се тресете“ – рече тогаш Лора и додаде дека сочувствува со врвните тенисери, бидејќи тие се под стрес и голем притисок.
Преку социјалните мрежи, можете да видите дека ужива да патува, била и на море во Хрватска.
„За љубителите на „Игра на тронови“, Дубровник, Хрватска е бомба“ – напишала тогаш Лора.
Фото: usatoday/Twitter printscreen