Радио Милева писни ако смееш...

„Задруга 4“ започна, а Станија се осигура со договор: Ако Кристијан Голубовиќ се обиде да ја нападне или удри, губи 150.000 евра!

„Задруга 4“ започна, а Станија се осигура со договор: Ако Кристијан Голубовиќ се обиде да ја нападне или удри, губи 150.000 евра!

За Кристијан Голубовиќ и Станија Добројевиќ, реалното шоу започна неколку недели пред да се преселат во „белата куќа“, а нивната вербална војна ескалираше со жестоки навреди и закани неколку дена пред почетокот на „Задруга 4“.

Затоа славната старлета реши да се обезбеди од поранешниот партнер и не остави ништо на случајот!

Поради стравот за сопствената безбедност, Станија се осигурала за време на учеството во шоуто, па Кристијан ќе го изгуби целиот хонорар доколку физички се обиде да ја загрози.

„Конфликтот меѓу Станија и Кристијан првично изгледаше како наместена увертира пред почетокот на новата сезона на најгледаното реално шоу, сè додека не почнаа да си задаваат ниски удари и делат навреди. За да му се одмазди затоа што ја нарекол проститутка, Станија му го спомна семејството на Кристијан, по што веќе немаше враќање. Неговите закани не беа воопшто наивни, па затоа старлетата и се обрати на продукцијата и побара специјален договор кој ќе и гарантира заштита од Кристијан. За неколку дена тој добил и хартија со која написмено го известиле дека ќе ги изгуби сите пари ако ја удри“ – вели изворот и открива дека дополнителниот договор го разбеснил Голубовиќ.

„Бидејќи Станија е позната по своите провокации со кои може да го извади од такт  дури и најмирниот човек, на Кристијан не му се допадна тоа што со договорот се штити од него. Особено што тој не ја удрил ниту за време на нивното учество во „Фарма“. Потпишал договор вреден 150 илјади евра однапред, и не сака да ги изгуби тие пари. Иако не е склон на насилство врз жени, тој се плаши дека Станија ќе го полуди доволно за да остане без динар. Би било многу тешко тоа да го поднесе, особено затоа што  планира да купи локал и стан за да ја обезбеди својата ќерка Вера“ – наведува изворот, кој тврди дека и Кристијан за возврат побарал нешто од продукцијата.

„Иако изгледа како човек кој не слуша никого, Кристијан се согласил на договорот и ветил дека нема физички да ја напаѓа Станија. Сепак, тој побарал да и биде забрането да ги споменува сопругата Ивана и ќерката Вера. Тој објаснил дека само во тој случај, тој не ќе може да се воздржи и дека ќе мора да ја замолчи. Продукцијата се согласила на неговото барање, но останува да видиме колку обајцата ќе го почитуваат договорот“ – заклучува изворот.

To top