Радио Милева

Јелена Ѓоковиќ се огласи по дисквалификацијата на Ноле и има јасна порака, а еве го и спорниот момент (видео)

Јелена Ѓоковиќ се огласи по дисквалификацијата на Ноле и има јасна порака, а еве го и спорниот момент (видео)

Најдобриот тенисер на светот беше дисквалификуван од УС Опен затоа што случајно со топка го погоди линискиот судија во финишот на првиот сет од осминафиналето.

По натпреварот, Новак се повлече од стадионот „Артур Еш“, и провери како се чувствува дамата судија и изјави дека е добра.

– Целата оваа ситуација ме прави навистина тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија и според информациите што ги добив, таа се чувствува добро, фала му на Бога. Не можам да го откријам нејзиното име за да ја зачувам нејзината приватност. Многу ми е жал што и предизвикав таков стрес. Не беше намерно. Не беше во ред.

фото/извор: GETTY IMAGES/AL BELLO, AL BELLO/GETTY IMAGES NORTH AMERICA“

Српскиот тенисер потоа им се извини на организаторите на турнирот за своите постапки.

– Сакам ова непријатно искуство, дисквалификација од турнирот, да го претворам во важна животна лекција, за да можам да продолжам да растам и да се развивам како личност, но и како тенисер. Им се извинувам на организаторите на УС Опен. Јас сум многу благодарен на мојот тим и семејството што ми дадоа силна поддршка, како и на моите навивачи бидејќи тие се секогаш со мене. Ви благодарам и жал ми е. Ова беше тежок ден за секого.

Набргу потоа, сопругата на Новак, Јелена, испрати јасна порака до својот сакан.

– Засекогаш со тебе, љбов! – напиша кратко Јелена под објавата на својот сопруг.

To top