Радио Милева доктор за опуштен живот

На терапија кај Турунџиева: Кога би била докторка, Сузана има рецепт за здравјето што секој би го посакал (ФОТО)

На терапија кај Турунџиева: Кога би била докторка, Сузана има рецепт за здравјето што секој би го посакал (ФОТО)

Сузана Турунџиева е една од оние македонски јавни личности кои зрачат со оптимизам, зашто шири позитивна енергија и покрај сите недаќи и премрежија низ кои мина во животот: од смртта на татко и, трагедијата со мистериозната смрт на брат и, преку разводот со Маленко и ненадејната  смрт на вториот сопруг, се’ до неодамнешното палење на тукушто купениот автомобил… Иако трагедиите во животот и доминираа, за разлика од убавите моменти, како свадбата на постарата ќерка Лора и раѓањето на внучето на пример, сепак Сузе покрај се наоѓа сили, храброст и волја да биде оптимист  и да и пркоси на судбината со ведри мисли.

Таа летово покрај домашните дестинации во прекрасната македонска природа, искористи можност да замине малку и на море во Турција со својата помала ќерка. Море си е море, иако и уживањето во сите останати природни убавини, како езеро, планина, бања… се благодет за душата, која исто така треба да се храни и негува, како и телото.

Затоа Турунџиева споделувајќи неколку фотографии од летниот морски пејасаж, сподели и мудри мисли кои на сите им се допаднаа.

Имено, таа напиша дека кога би била докторка има рецепт за терапија што секој би ја посакал! И тоа комплетно, сите нејзини дози, освен… можеби последната, без која до душа исто така не се може. Само што за неа може да те замени и некој друг!

„Да бев докторка, на пациентите ќе им препишував годишна (викенд) терапија, и тоа по овој редослед:
– 20 викенди на езеро или море
– 15 викенди на планина
– 15 викенди во село или бања, а
– останатите 2 – 3 викенди можат и да си останат дома, да ја подзачистат куќата…“  – препорача несудениот д-р. терапевт Сузана Турунџиева на својот Инстаграм, која да беше тоа што посакува, веројатно не ќе можеше ниту еден викенд да спои од навалата на „пациенти“!

Зашто, кој не би сакал „терапија“ како нејзината, освен… две работи! Веќе споменатата последна точка и ако може истата да се добие на „државен рецепт“, зашто поинаку, само малкумина ќе можат да „на приватно“ да си ја дозволат!

 

To top