Александар Тарабунов одучи да го екранизира својот минатогодишен хит „Луд сум по тебе“ кој го сними со својот долгогодишен соработник – хитмејкерот Роберт Билбилов. Имено, снимањето е закажано за в четврток, 22 март, а имајќи го предвид заразниот ритам на песната, за забавата ќе бидат потребни повеќе луѓе, па пејачот побара помош преку социјалните мрежи.
Новото видео ќе биде одлично освежување на песната и сигурно ќе придонесе за уште поголема слушаност, а каква забава ќе ни подготват, ќе дознаеме наскоро. Дотогаш уживајте со акустичната изведба на „Луд сум по тебе“ за време на гостувањето во емисијата „Стисни плеј“, каде што ја изведе заедно со авторот Роберт Билбилов.