Само три дена откако се вратија на сетот откако беше прогласен карантин, снимањето на новиот „Бетмен“ повторно е запрено.
Како што претходно беше соопштено од „Ворнер Брос“, снимањето е прекинато бидејќи еден од актерите се заразил со коронавирус, а како што објавуваат тоа е Роберт Патисон, кој ја игра главната улога во филмот.
Анонимни извори за „Vanity Fair“ и „Hollywood Reporter“ открија дека станува збор за Патисон и додаваат дека актерот успешно се опоравува во изолацијата во која ќе се наоѓа две недели.
Ова е втор пат да се запре снимањето на „Бетмен“. Прво се случи во март кога продукцијата беше затворена поради пандемијата.