Концертот на “Бајага и Инструктори” на 13-ти септември, веројатно е последниот концерт во организација на Авалон продукција за оваа година. Или барем додека не заврши корона кризата.
На прес конференција на Авалон продукција беа најавени концертите на “Електрични Оргазам”, фестивалот “Skopje Calling” – Macedonia’s finest и на “Бајага и Инструктори” кои ќе се одржат на 11-ти, 12-ти и на 13-ти септември, на стадионот на АРМ на отворено.