Лепа Лукиќ по четврти пат влегува во реално шоу.
Таа во интервју за ало.рс ја откри причината зошто на тие години е дел од ваков вид на програма.
„Немам цел, пеам 50 години и постигнав се што сакав да постигнам. Влегувам бидејќи ме поканија. Сакам да се дружам, јас сум сама. Немам деца, немам внуци, немам со што да се забавувам. Мене дома ми е досадно. Сакам да се забавувам со млади. Ете, затоа влегувам. Моето мото е цел живот да бидам на сцена, па и ова е некој вид на сцена“, вели пејачката.
Лепа на шега вели дека пред камерите не е подготвена на се.