За само половина година Дарко Лазиќ ослабе околу 70 килограми, што изненади многумина бидејќи никој не веруваше дека пејачот ќе се промени до толку.
Тој буквално се преполови, а сега ја покажа својата фигура на базен каде што беше со неговата колешка Душица Грабовиќ, пријателите и свршеницата Марина Гагиќ, која привлече посебно внимание.
Марина на својот Инстаграм профил објави заедничка фотографија на која позираат во костими за капење, а линијата што ја доведе до совршенство по породувањето предизвика голем број комплименти.
Иако килограмите и трансформацијата на Дарко е она најпечатливото периодов, сепак женската убавина мора да биде во прв план.