Радио Милева

Се’ за новата девојка на Бред Пит: Има 27 години, има дете и зборува 5 јазици

Се’ за новата девојка на Бред Пит: Има 27 години, има дете и зборува 5 јазици

Актерот Бред Пит (56) по разводот со Анџелина Џоли, сега првпат е фотографиран со својата официјална девојка.

Станува збор за Германката Никол Потуралски која се занимава со манекенство.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/site-mislea-deka-kje-bide-so-aenifer-aniston-no-bred-pit-si-najde-29-godini-pomlada-foto/

Која е всушност Никол Потуралски?

Родена е во Германија, има 27 години, а на веб сајтот за агенцијата за која работи е запишано како Нико Мери. Таа е природна бринета, има сини очи и висока е 178 центиметри.

фото: Профимедиа/инстаграм/телеграф.рс

Таа живее на релацијата Лос Анџелес – Берлин, а го има и синот Емил кој го обожава. Таа зборува пет јазици и  е основач на организација за ајкули.

Во една прилика ја прашале каква супермоќ сака да има, а таа одговорила:

„Да патувам низ времето, за да ги посетам сите историски случувања, вклучувајќи ја иднината“.

фото: Профимедиа/инстаграм/телеграф.рс

Како што пишуваат медиумите, Бред ја однел Никол на имотот кој во 2011 година го купи со поранешната сопруга Анџелина Џоли.

 

фото: Профимедиа/инстаграм/телеграф.рс
To top