Радио Милева

Уживаат заедно на одмор на Малдиви: Дара Бубамара е во врска со бившиот на Душица Јаковљевиќ?

Уживаат заедно на одмор на Малдиви: Дара Бубамара е во врска со бившиот на Душица Јаковљевиќ?

Дара Бубамара го искористи времето тоа што нема настапи поради короната, па целото лето го помина на различни туристички дестинации.

По одморот на Азурниот брег, замина во Хрватска, а пејачката пред неколку дена замина на одмор на Малдивите.

фото: принтскрин/инстаграм

Таа секојдневно објавува фотографии од оваа егзотична дестинација, не откривајќи кој и прави друштво.

фото: принтскрин/инстаграм/ало.рс

Меѓутоа, српскиот портал курир.рс пишува дека пејачката ги полни батериите во друштво на нејзиното ново момче кој го крие од јавноста, а тој е познат како поранешен партнер на Душица Јаковљевиќ. Тој  на социјалните мрежи е запишан како Тони.

Водителката на „Задруга“ и младиот бизнисмен беа кратко време заедно и тоа во март оваа година. Тогаш водителката на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која се наоѓа во прегратка на маж чија рака е тетовирана, а набргу се откри за кој станува збор.

Фотографиите на социјалните мрежи од исто место го издаде новопечениот пар.

Тони објави фотографија од ресторанот во исто време како и Дара.

фото: принтскрин/инстаграм

Двајцата во исто време се означија во Доха. А потоа објавија фотографија од џакузи. Тука се и фотографиите и од спалната соба.

Дара и Тони објавија и фотографии од романтични вечери и се кои специјалитети ги пробале.

Исто така, бизнисменот на својот „Инстаграм“ објави фотографија со девојка на која не се гледа лицето, но јасно може да се забележи дека станува збор за Дара Бубамара.

фото: принтскрин/инстаграм/ало.рс

Како пренесуваат медиумите, Тони има 30 години се занимава со приватен бизнис и ги сака јавните личности.

To top