Уште откако се појави на македонската музичка сеца, нашата поп-пејачка Елена Ристеска освен по својот моќен глас и беспрекорен стас, препознатлива е и по својата долга црна коса.
Низ годините наназад, Елена и немаше многу промени кога е во прашање фризурата, освен кога еден период ја скрати драстично, но бојата ја задржа во природна нијанса.
Велат дека кога жените прават промена во фризурата, тогаш им се случува нешто ново во животот, дали е тоа така во случајот на пејачката, не знаеме, но она што е сигурно е дека таа реши да направи впечатлива промена кога е бојата на коса во прашање.
Викендов на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали со новата фризура која е на границата меѓу бринети и русокоси, а за истата беше задолжен нејзиниот долгогодишен стилист Даниел Николовиски.
Ваквата фризура, секако мораше да се промовира на социјалните мрежи, каде Еленче наиде на доста ласкави коментари на сметка на „новата глава“.