Помалиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ повеќе од една година ужива во врска со неговата девојка Сандра Миљковиќ, а веќе наголемо се зборува дека подготуваат свадба за следната година.
Виктор и Сандра на социјалните мрежи често објавуваат фотографии од заедничките моменти.
Овој пат, потенцијалната снаа на Брена дојде во домот на Живојиновиќ и го покажа на дело она за кое зборуваше нејзиното семејство.
Тоа неколку пати истакна дека Сандра знае се да работи и да помага, па овој пат таа го покажа тоа на дело.
Имено, Сандра и Виктор ги засукаа ракавите и заедно приготвуваа храна.