Популарната актерка Анџелина Џоли во последните неколку години, од кога беше започната постапката на разводот меѓу неа и Бред Пит, е предмет на странските медиуми поради скандалозните расправии со нејзиниот поранешен сопруг.
Од очај, Бред побарал помош, тврдејќи дека Анџелина отишла предалеку и повеќе не се однесувала рационално кога станува збор за борбата за старателство над деца.
Иако нејзините обожаватели исто така сметаат дека таа ги надминува сите граници на нормалата, актерката неодамна побара отстранување на судијата, кој требаше да одлучи кој ќе добие старателство над децата, сметајќи дека е премногу близок со Пит и не е објективен.
View this post on Instagram
Додека многумина веруваат дека мајката има право да си ја задоволи сопствената правда, други се на страната на холивудскиот заводник, сметајќи дека нејзиното однесување е неправедно.
– Бред истакнува дека Анџелина го изгубила разумот затоа што отиде предалеку со своето дивјачко однесување – откри извор за странските медиуми.