Пејачката Тијана Дапчевиќ ги разнежни своите следбеници на Инстаграм со новото видео.
Таа сподели видео на кое настапува заедно со својата сестра Тамара и напиша емотивна порака. Тијана и Тамара се навистина блиски, иако едната живее во Скопје, а другата во Белград, секој момент го користат за да се видат, па неретко си упатуваат и вакви емотивни пораки на социјалните мрежи.
Неможев без неа ни пред да се роди, те сакам, напиша Тијана под видеото.