Соседите на Романа Паниќ која беше осудена за ограбување на банкомати во Австралија велат дека никогаш не се посомневале во неа бидејќи има стан во нивниот крај и живее повлечен живот.
Имено, пејачката живее на периферијата на Белград во нова населба, во нова зграда, а соседите велат дека ќе ја паметат како културна и воспитана, а веста за кражбата во Австралија ги изненадила.
„Како да не знам што се случило, цел град зборуваше за тоа. Останавме изненадени и никој не би помислил дека Романа се занимава со криминал. Знаев дека некаде патува, сосетката ми кажа дека оди за Австралија, но не ја знаев причината. Никогаш не се посомневав, таа не живее во некој лускуз, вози просечен автомобил, изгледа како нормалниот свет…“ открива сосетката и додава:
„Не знам што ја наведе со тоа момче да ограбува банкомати. Верувајте ми и останатите соседи беа во шок, никој не се соменаваше“.
Има и соседи кои не ја познаваат, па од скандалот сфатиле која е.
„Да ви кажам, не ни знаев дека тоа е Романа, доаѓаше неколку пати во пекарата, но не ја познав. Доста се променила. Секогаш е културна и љубезна, сите се изненадивме кога слушнавме што се случило во Австралија“ вели вработена во пекара.
Еден повозрасен сосед вели дека не правела проблеми во населбата.
„Нашиот крај е мирен, нема никакви инциденти, ни пак Романа правеше проблеми. Знам да живее во зградата во моја близина, никогаш не правеше врева, мислам дека повеќето време не е во станот“.
Соседите велат дека по враќањето во Србија, Романа речиси никогаш не е сама во станот.
„Откако се врати Романа, ја посетуваат пријатели. Таа не се движи по крајот, автомобил доаѓа и заминува, но ми делува расположено. Ќе излезе од ова, силна е жена. Сите грежат, којзнае каква мака ја натерало тоа да го направи…Како сосетка е прекрасна, немам што да кажам…“ вели сосетка.
Потсетуваме, Романа беше уапсена во Австралија поради ограбување на банкомати. На почетокот на август таа беше пуштена на слобода и депортирана во Србија.