Само еден ден не дели од прекрасната летна авантура Д Фестивал која оваа година се одржува на 22-ри август (сабота) на главната бина “Паркинг Гранит” во Дојран со почеток од 19 часот.
Овогодинашното издание на фестивалот е целосно посветено на домашната музичка сцена
Посетителите ќе имаат можност да ги чујат СУПЕРХИКС, ЛД ПИСТОЛЕРО, BERNAYS PROPAGANDA, PLUTO’S DOUBTS, DONPLAYA, PRINCE$$ DONATSU & BON PRASKIZA! На програмата се придружуваат GLOOMIE и тимот на RED BULL кои ќе ни овозможат еден необичен настап каде што публиката ќе има шанса да гласа за своите омилени битови.
Сите кои имаат набавено билет за Д Фестивал 2020 до 30.07.2020 година ќе можат со истиот да присуствуваат на две Д Фестивал изданија – на Д Фестивал и пријателите, а и на наредното големо роденденско издание во 2021-ва година, каде што ќе ни се придружат уште многу специјални гости, уметници и креативци.
Подготовките за роденденското издание на Д Фестивал кое ќе се одржи од 2-4 јули 2021-ва се веќе во тек! Потврдени се и првите изведувачи – синот на Bob Marley, jамајканскиот хип-хоп и реге артист – КY-MANI MARLEY, панк-иконата и тапанарот на култните Ramones – MARKY RAMONE, балканските Sonic Youth – РЕПЕТИТОР, легендарното германско електронско дуо – BOOKA SHADE и харизматичната поетеса која ги освои срцата на домашната публика – ТЕЛЕМАМА, а за неколку дена доаѓа и вториот бран на потврдени артисти за Д Фестивал 2021!
Д Фестивал максимално ќе се погрижи за безбедноста во текот на настанот, запазувајќи ги сите мерки кои ги наложува протоколот за организирање на настани.
Билетарницата започнува со работа од 18 часот, а вратите на фестивалот се отвораат во 19 часот. Препорачуваме публиката да дојде на време, постојано да ја носи својата маска, да одржува растојание и хигиена во текот на целиот настан.