Актерот Игор Ангелов децата го препознаваат како детективот Цветко од серијата „Пет плус“ или храбриот Џон Пиплфокс од истоимената претстава на Драмски, а возрасните – некои по ликови во претстави, филмови, серии, како: Трето полувреме, Лазар, Година на Мајмунот, Големата вода, Тврдокорни, а најмногу и по Коста, еден од главните ликови во серијата „Преспав“.
Во „Преспав“ тој ја има улога на Коста односно сопруг на Ула (Тијана Дапчевиќ) и газда на пансионот.
View this post on Instagram
Секоја улога Игор ја носи умешно и впечатливо, а периодов работи на снимањето на нов проект од кој има драстигна трансформација на изгледот.
View this post on Instagram
Доколку не ви споменевме претходно, веројатно тешко би го препознале. Игор има бела брада и кратка коса.
На многумина им изгледа одлично, па откако ја објви фотографијата се редеа коментарите од типот на тоа дека им личи на стар Коки, на брат Миле, па дури и на лик од турска серија, Полат Алемдар.
View this post on Instagram
За каков проект односно во каква улога ќе го гледаме овој побелен „Коки“, осотанува да видиме…