16-то издание меѓународниот тамбурашки фестивал – Куманово ќе се одржи од 28-ми до 29-ти август со почеток во 20 часот на Градскиот плоштад во Куманово. Фестивалот ќе се одржи по сите протоколи за превенција од Covid-19, со почитување на социјална дистанца и задолжително носење на заштитни маски.
На првата фестивалска вечер (петок, 28.08.2020) ќе настапат:
– Група “Боеми” од Битола;
– “Синтезис” од Скопје.
На втората фестивалска вечер (сабота, 29.08.2020) ќе настапат:
– Група “На здравје” од Куманово;
– “Љубојна” од Скопје.
Фестивалот е во комплетна организација на Фондација за култура и спорт “Куманово” – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово и со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.